испечен (прид.)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Двете поголеми, реш испечени парчиња ги стави врз лебот и загриза.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Испечената сланина, натрупана врз качамакот, истурен во широка тепсија, го правеше ова јадење уште попривлечно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мирис на восок на фитил и штотуку испечен леб - бела погача; мирис на темјан и јаново цвеќе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Со растреперена рака посегнува во пазуварката и, кога ја отвори широката испечена и испукана дланка, жените видоа свиткано ливче хартија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По објаснувањето на Комисијата, стигна и јагнето кое беше од порано испечено. И бинлакот со вино.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Краста: А што можам? Ќе го чекам Божик, а испеченото месо ќе им го подарам на сирачињата од домот. Само страв ми е.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во воздухот продираше миризмата на свечено испечена пастрмка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Едни донесуваа, други ги однесуваа испечените тави, тепсии со баници и со буреци, разни татлии, сомуни лебови наредени на долга штица и завиткани во топли цедила, грав-тепсиичиња, чомлеци во земјени грнчиња на кои капаците им беа залепени со тесто. Само да гледаш и да не се нагледаш.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Продолжи да оди. Пенушките од брест, што беа откорнати од теренот и со булдожер беа турнати во купишта од безредие со корењата црни како јаглен кренати нагоре под чудни агли, му изгледаа стравотни и го потсетија на надуените мртви тела испечени од сонце, што ги имаше видено на северно-африканските бојни полиња.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Совршен е неделниот семеен ручек, опиени од домашното црвено вино и вкусот на штотуку испечена штрудла од јаболка, цимет и ванилин шеќер.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На крајот го следеше и подготвувањето на сирупот од шербет (варена вода, со сок од портокали и шеќер), со кој ја прелеваше испечената баклава со половината од сирупот, а потоа и со другата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Одејќи, одвреме навреме со влажната шамија си ги омекнува испечените усни за да го тргне од нив оганот и да ја подгасни жедта; колку за да омекне сушата што ја пече.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сјајните и виолетови плодови на патлиџанот, пресечени на половина, издлабени во средината, со пријатно горчливиот вкус, беа како голем букет составен од разнобојниот испечен зарзават во кујната.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)