искрпи (св.)
- Оди, човеку! Каков коњ ми споменуваш? Ќерка ми уште не е за мажење. Ми треба таа и мене, да испере, да искрпи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ама, дали се трпи моево, дали се искрепува?...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И тогаш бегалецот од турската војска со исечени три прсти на десната рака, Татар или Монгол или Черкез и присилен левучар, им се предал на востаниците со посредување на попот Зафир Јосков Вртипоп, и самиот востаник со фишеклии преку искрпената мантија, со мавзерка, призренска кама и сребрено распетие, им се предал и го бакнал белиот коњ во двете ноздри.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да не чу дека сум целата искрпена, велам, крпа на крпа, крпа за крпа?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)