искричав (прид.)
Оној скаменет грч на широката плоча на пилата како да се потсепна еден миг, наоѓајќи се себеси будна, а потем се отпушти надолу, а острите искричави запци загризаа во кревката црвеникава буковина на трупецот, што беше наместен пред нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
XV. Ја затвори зад себе вратата на својата пилана во искричавата полутемнина на ѕвечкавите зимни мугри.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наизлегуваа на чистината, шест издолжени црнки, зашарија неспокојно по таа искричава белина, задушкаа во сите нејзини катчиња, одминувајќи лесно, како да се слизгаат по неа, а за сето време доаѓајќи сѐ поблиску до неговиот прозорец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Претераната работа даваше божествена сила! Искричаво се грчеа секундите!
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Потоа, додека девојката точеше пиво, со едната рака држејќи ја криглата, со другата рачката од чепот, со дојките предизвикувачки напнати, на неколку пати го крена погледот и загледувајќи му се право в очи на Еда, со искричав блесок што зрачеше од нејзините крупни сиви очи, милно му се насмевна...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
За поздрав, таа му ги фрла на авторот двете раце врз рамената, ги стегнува своите тврди дојки врз неговите гради, го погледнува со сочна искричавост во очите, се поткрева на прсти и сочно го бацува во уста.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мажите веќе беа напред, во новата реалност на пропржени нивички и искричав шприцер.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)