искривоколчи (св.)
Православјето во Македонија сега до толку е искривоколчено што и не може да станува збор за една православна црква, – сега таму има 3 цркви, но не православни, а: грчка, бугарска и српска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јас одам наназад, а тој само поидува, го кривоколчи лицето и само мава, си удира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се искривоколчила природната оска на овој човек од премногу свивање, му се разнебитил духот, препуштен на функцијата на преживувањето, во вечно променливата сталински хиерархија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Бидејќи секоја од трите супер-држави е неосвоива, секоја од нив е практично засебен универзум, во кој речиси секакво искривоколчување на мислата може да биде безбедно практикувано.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Партијата се обидуваше да го убие сексуалниот инстинкт, или, ако не може да биде убиен, тогаш барем да го искривоколчи и да го извалка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кочо искривоколчи неколку букви.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сето тоа дополнително им одговараше на сурушите затоа што масите лесно се контролираа, но и на самата власт која пропагираше здраво семејство и три деца, а лицемерно потпикуваше искривоколчен медиумски отпад.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)