искриви св.

искриви (св.)

ТЕОДОС: Ќе ве искривам јас сите, туку сега немам време! Бргу да ми ги исчистиш чевлите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ах мој ти ме сју ти зи, Ки’ ке бузен си ќерши, Е, еја, еја те лој, Се ти зембрен ма мори!... (По завршувањето на песната, која Илија ја прати со големо интересирање, му ја изкривува капата на Арнаутикот над око и кон останатите Арнаути од каде што доаѓа гласот): ИЛИЈА: Рофш!... Рофш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Потсмешливо ја искриви устата. - Јас не верувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А таа, чиниш некој да ја влече за нос, ја изкриви главата и зина: - Кој ја знае. Побегна со еден наредник, овца една.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Веселите студенти го крстија Наполеон, и улицата го прифати името и ги искриви во Наполјон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стрина Маловица се понамршти и кога виде манџи со расол, со јајца, па кога Доста ѝ рече оти и лимун ќе ѝ нацеди на супата, просто го искриви вратот на страна и се насмеа „подмустаќ“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сепак ако ве занима, психијатар сум.“ „Докторе“, се искриви од веселост Отец Симеон. „Зошто ноќе, кога ќе се качам на куќните стреи, сретнувам на секој чекор по едно гола жена? и зошто само ноќе, в постела, ми стасуваат од сегде љубовни писма со нацртани четирилисни детелини?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Човекот се искриви на една страна но не падна, со инстикт на желка ја завлече главата во својот стан влечејќи го со себе мирисот на детски пелени и прегорено млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очите му се искривија и пашата просаска, не слушајќи го веќе и не чекајќи да заврши гласникот: - Сиктер!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа ја има незгодната страна да ни намигне или да ни се искриви, дури по свршениот чин и... кога сѐ е веќе доцна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше едно тешко чувство, една растргана тишина, од која нему устата сама му се искривуваше, не знаејќи дали да се посмее, или пак да се скамени во тој грч што одбива.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Коле замислено ја искриви вилицата, постоја малку и рече: - Никого. - Ич?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од седење вели, газиштата ви окапаа, од вртење на воланот, вели рацете како на мајмуни ви се искривија пфу!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Држејќи му ја долната вилица со левата рака му ја искривил главата и му го побарал гркланот со врвот на ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но бегот ја зграпчи за плетенките и ѝ ја искриви главата. Диво гледаше во младото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие ги држеа весниците над главите, додека устите им се искривуваа, а очите им беа затворени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одеше со раскрвавена глава, со потечено око, нос, буза, со модрици на лицето, со лузни, со исчашени прсти од мавање со тупаници по децата на кои им ги искривуваше вилиците и им ги ронеше забите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе