искашла (св.)
Се мачи да се задржи, но не може, смевот избувнува експлозивно. Се искашлува силно да го прекине.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не можев да му го видам лицето но разбрав по брзото суво искашлување дека е лут.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Босиот се искашла и продолжи накај Прилеп.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ние накашлај се, тие накашлај се, искашлај се.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тета Дитка имаше право. И последното, душманско искушение, чичо Ѓорѓи го ублажи со музика. Веќе искашлуваше крвави грутки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Некој ѕвони, „кој е па овој сега?“, го навлекува џемперот врз маицата, се искашлува, ја отвора вратата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Некои се искашлуваа, ’ркаа и плукаа врз тротоарот. Леле, ама култура на урбано живеење!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Излегоа испрашени Алајко Ошев и Мире Ирчев, ја истресоа прашината од палтињата, ги стегнаа вратоврските, со трева ги светнаа чевлите и чантите, се искашлаа длабоко, се забришаа со шамивчињата, и се погледнаа со истата сериозност со каква и тргнаа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Постојат привремени вечности запишани во песна и постои живот кој е умирање: Ја искашлувам последната прашинка вдишана на детско игралиште ?* Влегов ли дома и дали воопшто забележав дека куќата ми е претворена во забавен парк?
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се искашла. И го почна раскажувањето: - Во нашето село имавме две даскалици. Марија и Софија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Циљка се искашла и продолжи: - Даскапот од дома излезе тивко, одвај чудо зад себе затвори врата, молчаливо го прегази дворот и зашлапа во тесното калливо сокаче.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се искашла со валканата чизма јa згмечи цигарата и рече: - Ние денес до пладне ќе бидеме заедно и заедно ќе учиме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)