инвентар м.

инвентар (м.)

Минував низ десетина состави со ист инвентар: воздушен хармониум, една гитара со магнет, една без, тапани помешани со длабоки лонци.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Внатре го оставија сиот црковен инвентар кој го најдоа, дури и исповедалниците останаа внатре, а во нив уфрлија телефони.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од петнаесет часот до затворање, тој беше задолжителен инвентар на кафеаната „Кај костенот“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мускулестата жена со црвените раце што Винстон ја беше видел при својата прва посета, беше речиси инвентар во дворот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дуќанот бил снабден со неопходниот инвентар и артикли и личел на вистинска бакалница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука беше и преостанатиот инвентар на нашето семејство во долгогодишниот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остануваше Мајка да му го покаже на Татко инвентарот на предметите што требаше да се земат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку за илустрација, ако само машините и инвентарот од фабриката беа демолирани и однесени во отпад, како старо железо, ќе се земеше сума која е повисока од проценетата вредност за кое беше продадено претпријатието!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се гледаа сите канцеларии со целиот инвентар во нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На врата како и секогаш стоеја двајцата добро познати охридски фраери кои се неизоставен инвентар на езерската чаршиска лига, секогаш подготвени за нови освојувачки походи на зрели и исончани Холанѓанки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше дамна мината полноќ, Камилски продолжи да го дополнува куќниот инвентар со турските имиња на другите куќни садови, со сѐ уште незавршена употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)