инаетчија (м.)
Ако ви се сторил итрец – барајте го меѓу итрите; ако ви се сторил инаетчија – барајте го меѓу инаетчиите; ако ви се сторил шегаџија – меѓу шегаџиите; ако ви се сторил храбар, палавко или дружељубив – меѓу храбрите, палавите или дружељубивите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ги познаваше сите и по имотност и по карактер; го знаеше кој е дарежлив, кој скржав, инаетчија, зајадлив, намќор, ситничар кој бара влакно во јајцето; кој е кротичок, мирен, душа, кој не гази ни на мравка, кој од претерана добрина страда.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ќе пукнеше од мака учителот. - Нејќам да имам нем човек во класот, - велеше тој, - нејќам да имам луѓе инаетчии ...
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ама, токму по оној настан во манастирот Нерези, кога него го водеше не неговиот ум, туку некоја друга сила инаетчиска и бесна, тој небаре престана да врти на празен чекрек.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во неа се зборува за двајца инаетчии, едниот бил сенар, другиот јагленар.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Народниот гениј, на инаетчиите често им дава животински особености, па неретко, за некој инаетчија ќе каже дека е магаре, то ест дека се инати како магаре на мост.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Инаетчијата, носителот на инаетот, најчесто нема цел да придонесе една состојба да се промени на подобро, туку сака едноставно да ја нагласи моќта на својата волја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)