инаетлив (прид.)
А малото маче - шареноглавче имало малку незгоден карактер, писнувало и при најмалка болка и претерувало во тоа свое пискање. А било и инаетливо.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Застанат така, речиси неподвижен, покриен со смрзнат снег по телото и по лицето, наоблечен и наоружан, потпрен со раширени раце на вратата, беше како некој столетен даб, што мрачен и инаетлив ѝ се истопорил на зимата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Чумата е инаетлива и упорна, арно велиш ќерко”, воздивна попот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Плачливо и инаетливо реков дека повеќе мојата нога нема да стапне дури и во училишниот двор.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Чекори тој пред старичката, нешто мрмори и инаетливо ја гмечи под себе правливата патека спржена од летната жега.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)