именител (м.)
Само органот за множење, делење и вадење функционира беспрекорно. Кога би имал именителка, би му дал малку да поработи со дропки.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Пеги одговара дека и броителот и именителот можат да се поделат со четири.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ги стави сите под тој именител веднаш штом меѓу нив го препозна извесен Миле од Прилеп кој се занимаваше со увоз и извоз на кој знае што.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Подоцна се формираа и повеќе различни синдикални групи во кругот на фабриката – но, нивен заеднички именител е тоа што тие не водеа речиси никаква грижа за работничките права, туку постоеја pro forma – чисто поради желбите на одредени амбициозни поединци да бидат „синдикални лидери“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)