иконографија (ж.)
Костас Гаврас, синеаст Времето на козите претставува идеална реализација на бунтот на Мирослав Крлежа против канонизираната иконографија на соц-реализмот, тоа е дело кое настанува во процепот на таа идеологија, дело кое успева да се извлече од премногу ограниченото помнење на реалноста, на првата реалност, онаа што е наоколу, помалку и здодевна во својата рационална димензија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Индусите можеле да ја развијат иконографијата на Bhagawadgit, и тибетанските будисти го имаат Thangkas.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во куферчето сега ја носев иконографија на сталинизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој впечатлив опис ни кажува дека станува збор за обичен човек од секојдневниот живот, со филмска иконографија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)