изнајмување (ср.)
Всушност, неколку корпорации и владини агенции ги дознаваат непријателите преку изнајмување на киберпанкери кои пробиваат во нивните системи и на тој начин тие откриваат каде треба да ги зајакнат.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Збиднувајќи се во некоја идна дистопија, романот е врзан за Кејс (Case), софтверскиот каубоец за изнајмување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Рекламирање, изнајмување, споделување на сопствената мозочна моќ со другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ми рече дека токму треба да потпише уговор за изнајмување на еден стан во таа зграда. живееја во оној удобен хотел откако се дојдени во женева, речиси шест месеци порано, и брзаа да се преселат на некое место кое повеќе ќе личи на дом.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)