изнаоѓа (несв.)
Никој не му тежеше со своето присуство и тој изнаоѓаше нови радости за својот поглед и за своето тело; беше доживување за него тоа што можеше да ја сака слободно таа бела тишина пред себе и постојано да изнаоѓа во себе едно чудно разбирање со тој простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега можеше уште само да го гледа како заминува надолу, изнаоѓајќи ја својата стара дира, она збеснето чудовиште.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Посебно задоволство ми претставуваше да ги претресувам фиоките од креденецот и во нив да изнаоѓам веќе одамна неупотребувани разни предмети.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Главните надежи за изнаоѓање нови и моќни извори на слатка вода се упатени кон водите на Дунав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа јазикот што Чинго го изнаоѓа меѓу луѓето за кои говори не е оној фолклорен јазик што ќе го најдеме во старите зборници на народни приказни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Жари се појавува во огромниот дел од текстовите за Дишан, во кои одвреме-навреме критичарите изнаоѓаат паралели во размислувањата на овие двајца автори.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Вистинската јасност, значи, го надраснува непосредното гледање на човекот и ја опфаќа целата уметност... како средство кое со јасни симболи - бои, знаци, звуци - го изнаоѓа сеопштото суштество и го претставува животниот мит...
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Луѓето што имаат такви потреби, ѝ напишав, изнаоѓаат и сила, а крајот, како и секој крај, доаѓа најпосле.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И додека јас се измачував со разни филозофски становишта при изнаоѓање добра солуција за расветлување на македонската сага: Оп, еве ти сега, вест, нова вест, НОВИНА: Деновиве ја слушнав вестта дека сателитското вешто око, поставено над Македонија, некаде кај Куманово, во месноста Кокино откри ОПСЕРВАТОРИУМ! (Но, од таму некаде кај Кратово е родум мојата прабаба Трајанка, од село Железница).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Македонските борци и раководители на македонското националноослободително и револуционерно движење, биле принудени да бараат и изнаоѓаат нови патишта кои ке водат кон остварување на националната идеја за национална слобода, обединување и формирање на самостојна суверена и рамноправна државно правна единица во семејството на балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Иако компанијата беше мала, таа работеше доста успешно во поглед на изнаоѓање работа и клиенти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Втората светска војна е последниот пример којшто покажува како рамнотежата во светот се одржува меѓу ГОЛЕМИТЕ на сметка на помалите и како првите изнаоѓаат модус вивенди за да ја одржат истата супериорност, барајќи начини како да ја продолжат во нови општествено-политички услови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Татко на крајот се сложи со идејата на Климент Камилски, но сега преостануваше да се прецизираат конкретните области на балканските јазици врз кои ќе работат и на кои ќе ги насочат заклучоците во функција на потрагата по изнаоѓање на спасоносни идеи за иднината на нивните чеда и потомците на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)