измокри (св.)
И така, бива-небива, се плискаа момчињата околу половина час во студениот вир, се измокрија и кога веќе не можеа да ја поднесат студената вода, кренаа раце и излегоа на ливадата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Навечер ич не додржувам. Заспи, измокри се.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Некои испопаѓаа и целите се измокрија, а посреќните и повештите ги натопија само панталоните.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ја немаше заедно да го започнеме утрото, во долгиот пат на кој дотрајаната и амортизирана 23-ка ни помагаше да ги измокриме (или исплукаме) евентуалните каменчиња од бубрезите.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Како напуштено дете во лулка од својата мајка... што може? - да измокри и да ги извалка гаќичките... ете ,тоа сте вие, вие што плукате по нашиот чист образ по нашето достоинство, по нашата историја по нашето минато, сегашност и иднина...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)