измена ж.
измени св.

измена (ж.)

Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На вториот ден играта се повтори со една мала измена: сретнатите детински очи не се исплашија како вчера, но погледите достасаа до едниот и другиот и на миг се погледнаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Вечер ќе се избере нов секретар и ќе се изврши измена на Месниот комитет во Мацково.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се загледав внимателно во лицето од татко ми и не знам зошто ми се стори дека во него има некои измени, дека крие од мене нешто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се измена човекот, не можеш да го познаеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кралската влада му испрати изјава на Друштвото на народите во која наведуваше дека Комисијата за разграничување имала само обврска да ја потврди граничната линија на тој сектор утврдена со Лондонскиот протокол, но без право на било каква измена и модификација.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најпосле Англичанецот доби инструкции од својата влада да не инсистира на измени на Протоколот од 1913 година за да не се создадат други гранични проблеми меѓу двете држави во други реони за кои постои заинтересираност меѓу двете страни, а со тоа уште повеќе да се усложни и влоши ситуацијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Моите бивши љубовнички, како и летните познаници од земјава и странство, чии адреси ги пронаоѓав во правливите, бележници, беа отпрвин, и покрај честите измени на нивните имиња, најпријатно изненадени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беспримерното постигнување на телото... во уметноста е визуелизирање на постојано изменливи, меѓусебно признавачки релации на моќ и потреба, внатре во измените на односот субјект/објект.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Книгите исто така беа повлекувани и одново пишувани и без исклучок беа одново издавани, без секакво признание дека е внесена каква и да е измена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Игор Лозински си беше ставил за задача со својата колекција да го фиксира континуитетот на животот во Езерото, низ доминантните претставници на флората и фауната, подлежна на измени и исчезнувања.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пролетоска направи толкави измени на телефонските броеви што тоа беше неизбежно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека ја кастри оградата, додека собира лисје по дворот или плеви меѓу цвеќињата, тогаш нему меѓувремено му паѓа на памет некоја измена во некоја реченица, нешто инаку да го каже, некоја нова реченица да уфрли, да додаде, реченица со којашто ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите овие измени ние ги гледавме со дулбијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше само една мала измена во собата. Мајка беше внела мал телевизор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во навиката на будење има измени.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Измените едвај, но сепак поминаа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Забележа извесна вознемиреност, полни седишта во новинарската ложа, но не беше прв пат некоја измена на закон да предизвика такви реакции.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Секаде каде што има слична потреба за промени, Ве овластувам да ги направите потребните измени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Законодавецот, првенствено, се обиде да регулира формално-правни прашања – како, на пример, постапката на преговарање, договарање, склучување, измена и/ли дополнување, регистрација, дополнително пристапување и престанување на важноста на колективните договори.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе