излока (св.)
Од зад малото долче, излокано од дождови, до нејзините ноздри допре остар мирис и таа разбра - беше близу до волчата јама, во која четирите малечки ја чекаа волчицата да се врати и да ги надои.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Мојата ракија ја излокавме кога го палевме Дмитар-Пејко, тажно воздивнал Трипун Караѓоз. - За богдапрости. А ми се пие, душава се трга од мене.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отпарај, мајче, отпарај, конец од веленцето и со него да го бележиме патот за в дома... трагите прашина ќе ги покрие; патот водје ќе го излокаат... парај конец од веленцето за да знаеме по кој пат да се вратиме дома...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)