излижан (прид.)
На излижаниот изгаснат политир на масата лежеа расфрлани тетретки со модри корици - писмените задачи на нашиот клас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапоносни агенти: оџачари со мердивани за да подгледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предводени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрчкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се сметаш за Аполон? Неговите зборови звучат тапо. Излижани се, празни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Страшен ритам на четири излижани поткови и тропање на четири расклатени тркала.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Воздивна ширум отварајќи ја устата и го извлече тешкиот часовник од џебот на излижаниот елек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа тежина му ги запираше чекорите, како да му се залепуваа подметките на мокрите излижани камења од калдрмата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога ќе прозбореше или ќе се насмееше, само два-три заба наѕирнуваа, а тие беа излижани и пожолтени.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А магарето колку може да згази, кога копитата му се ко излижани стопариња. Ама ќе се мачиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сапуницата му се сушеше на лицето - еве го, сипаничав воденичар! - само нешто во него е темно: попот се нишаше по својата сенка додека помеѓу кусите ногавици и чевлите со излижани топуци блескаше голо и бело месо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ми ги поземаат личните исправи во рацете, излижани од премногу миење, ми го споредуваат личниот опис.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Меѓу нив си ги препознавам и моите чевли со излижани ѓонови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапонски агенти: оџачари со мердивани за да погледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предвоени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрачкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Потоа тие вкусни нешта беа темелно излижани со јазиците на учесниците во претставата, со стенкање и подждригнување над блуежот на оној што лежеше на нашите раце.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тој запали друга ламба и, со свиениот грб, тргна бавно напред по стрмните и излижани скали и низ малото ходниче го воведе во една соба која не гледаше кон улицата, туку кон еден поплочен двор и шума од оџаци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Излитено палтенце. Демодирани чевли. Деформирани. Стара, кожна, излижана од долго носење, јакна.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Значи моите сестри сето тоа го виделе, а виделе уште и два кувера еден врз друг и најозгора една излижана гуна, една столица без наслон на која се јадело.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со едната рака во џебот и со парче леб со џем во другата, Џулија шеташе низ собата, погледнувајќи незаинтересирано на полицата со книгите, предлагајќи го најдобриот начин како да се поправи масата на расклопување, спуштајќи се во излижаната фотелја за да провери дали е удобна и разгледувајќи го бесмислениот часовник со бројчаник само на дванаесет часови со еден вид толерантен потсмев.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во излогот имаше чинии со завртки и навртки, изабени длета, ножиња со искршени сечила, излижани часовници кои дури не ни претендираа дека се исправни и друго безвредно ѓубре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Слегов по едни скали длабоко надолу и застанав пред мала рецепција пред која, во излижани фотелји од скај, седеа две дами, две од ноќните птици на квартот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој велосипед со излижани гуми Господ морал секој ден да го вози по нерамната калдрма покрај Серава и низ Бит Пазар дури во Чаир.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)