излигави (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Митра остана да ја суреди куќата. Да ги измие мисурките, лажиците, а новите бардаци пак ги однесе во земникот со една клетва по децата и бабите што се нашија од нив и ги излигавија.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Оваа есенска магла е лицето на смртта  густо од едно имитирано лепило  густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност  густо од еден поглед преполн со излигавен мов  Таа маска на смртта ги заканува гранките  осамотени на кејот.
        
      
    
    
    
      „Дождови“
         од Матеја Матевски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Другар Василопулос, - се излигави Кузе - женава, другар, ја фатив горе, на крадење...
        
      
    
    
    
      „Постела на чемерните“
         од Петре Наковски 
        (1985)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Првиот чекор за наоѓање газда е да се здобиеш со неговите симпатии“ - пишува во прирачникот за склопување кучешко-човечки пријателства, илустрирајќи ја успешноста на советот со фотографија на кокетен пекинезер како целиот излигавен ѝ се потпикува на една средовечна дама, која со насмевка му подава копанче.
        
      
    
    
    
      „Сонце во тегла“
         од Илина Јакимовска 
        (2009)