издлабен (прид.)
Во каменот имаше издлабена браздичка.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Беше натаму зошто тој што не ќе го прескочи Светото дрво Ќе остане на спротивната страна од сонцето Како писмо издлабено во камен и така заборавено.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Се качуваме по дрвјата, клаваме скочеци од издлабени тикви. Фаќа народот пилиња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Имено, тука, на Зедница, зиме, кога ќе приклештеа и ќе се одолжеа студените денови, обично во време планина, кога сонцето, низ некој процеп на облици, ќе смогнеше сили да испрати на земјата забести зраци, жителите на Потковицата во специјални корита, издлабени во стеблата од дабови дрва и поткренати на ногари, ја крмеа и ја поеја стоката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Земи ја розата, Цветот како исплетена боја - издлабена во здивот и плачот на дождот како висока градина - - изговорена на врвот од ѕвоното како последниот сон на ангелот воден по бездната на утрото.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Кога падна горниот дел на твоето бикини, моите дланки, издлабени како да носат вода за испукани усни, ти ги прифатија градите запаметувајќи ја нивната деликатна тежина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Велат оти често ја гледале како оди над ќелијата издлабена во каменот, во која некогаш обитувале пустиножители- анахорети.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Слушна ибн Бајко од говоркањата по дуќаните, дека Аџи Герасим, копајќи потон за својата воскарница, случајно откопал некаков стар, римски гроб, издлабен во каменот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Нишајќи се со рацете ставени на грбот, со некое држење на филозоф или некој древен мудрец кој е длабоко потонат во сопствените мисли, на едно од стеблата на дебелите дрва забележа дека некоја битанга со нож имаше издлабено: I work for money, don’t give me loyalty, cause I’d rather do blow job to your dog ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Александра (Александар и Александра, како слоган во срце издлабен на школска клупа), се насмевна и го поздрави.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)