изветрее (св.)
Изветреен си ти, Август, сосем изветреен. Публиката се проѕева кога ќе излезеш во арена.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Какви свадби ти влегле во умот”, му велеа старешините кога ќе ги замолеше да го пуштат, „ти си изветреан: се чека фронт да се отвори, а тебе умот ти е по свадби!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ги отвараа прозорците да се изветреат одаите, ги тресеа постелите миризбата да им излезе, а кога ќе врвеа крај казаните, скршнуваа од патот не можејќи да ја трпат миризбата; одвај чекаа да фати посилен ветер да го изветрее сето село и да донесе нов, посвеж воздух.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сигурно пак смрдам, си помисли. Додека сум одела на училиште сум се испотила, дезодорансот изветреал и јас пак лошо мирисам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
ДЕСТАН 100 трзаи со четка пред спиење Зубите бели А кромидот од ќебапите никако да изветрее
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Во Париз, во едно интервју во 1978 година Мишел Фуко тврдеше дека машката хомосексуалност нема темелна врска со женственоста: дрегот едноставно е старомодна стратегија на отпор кон претходните сексуални режими.60 Наскоро, не се сомневаше, ќе изветрее.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)