изваја (св.)
Извајана е амазонската нејзина става: вистинска личота милна.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тој и таа на секого му раскажуваа кој го извајал, кога, каде итн. Какво задоволство!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ја извајал вајарот и му ја дал да се игра. Се играл синот и се отстрашил и од неа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Татко му повикал вајар и му платил да му ја изваја главата на соседот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За да го отстраши и од смртта, татко му пак го викнал вајарот и му рекол да ја изваја смртта онака како што му ја опишал синот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тој би бил во состојба да изваја глава, најубава што е можно, за таа глава да го обожува, а потоа, ако затреба, да ја стави под нож.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И двата лика се извонредно и суптилно извајани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)