идиотски прид.

идиотски (прид.)

Еве ние седиме овде, беснееме како во Пир во време на чумата, а јас имам такво чувство, дека можеби секој момент ќе летнеме во воздух. (На Барбошин) Заради Христос, побргу допијте го тој ваш идиотски чај!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако беше настрана од берлинското движење, Швитерс (Schwitters) сепак покажа сличен став изјавувајќи: „Јас сум буржоаски и идиотски”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Дадаизмот е идиотски. Вистинскиот дадаист се смее, се смее”, ќе потврди првиот дадаистички манифест напишан и прочитан од Хуелсенбек вечерта на 12 април 1918 во Берлин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во секој случај е идиотски да се објави смртта на уметноста, а притоа да се биде и во историска и во практична- животна смисла сведок на уметничката ревитализација, и од трендовско- стилски аспект, и од аспект на самите уметници кои своите дела најпрво ги акцептираат како уметнички надгробни споменици, а подоцна како капитални дела на „новата“ уметност - феникси на новиот живот на уметноста...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од таа идиотска мерка целата оваа приказна што се влече со месеци всушност и почна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А пак во исто време ни ја полнеа главата со идиотски совети од типот- учи сине за да не работиш.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)