идила ж.

идила (ж.)

Келнерот подлизурски гледаше во нив и се преправаше дека ужива во таа плитка идила.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во голем сандак... врата во која шумеше боја на зрела ’рж... стари пејзажи, литографска идили на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секако на некоја стара, позната слика: по патот среќавав ветерници; целиот крај беше една ливада; на ливадата како во селска идила, пасеа говеда.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во моменти додека брзиот воз ја сече оваа рамнина, неусетно присакуваш селска идила, да се видат стада од овци или добиток.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И пак претставите се кинеа и беа неми, без звук: камени скали во 'рж ... стари пејзажи, литографска идила на млад сликар и недовршени портрети на една недозреаност што лута додека не најде неизгазена врвица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејзиниот сон само во почетокот ја почувствува еротизираната идила од снимката, кога детето со златни шишки лесно се симнува од облаците, виснато на дебело јаже.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Состојбата на духот во која настануваат идеалните урбани слики, урбаофилијата, трае, но веќе не може непосредно да се изрази како „урбана идила“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сложената градска структура пред модерниот пресврт на урбаната перспектива е употребена за проекција на небесните сфери на земјата, или како опозиција на селската идила.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Инаку, нивната идила траеше долго и беше видна не за да им предизвикува завист кај другите, туку ним да не пречи во задоволствата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Албанија и Македонија (во составот на Југославија) само две години живееја во „братска идила” без граници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Идилата, нивната љубовна идила, како да беше совршена глуварка, што се распрснала при најмал допир со надворешниот воздух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Никогаш не траеше долго полнотата на нашата семејна идила со Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тоа не одеше така лесно.  До август триесет и третата, траеше нивната солунска идила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сета оваа пасторална идила нагло исчезнува со појавата на добриот комшија Лари, којшто (привлечен од звуците на другите животински видови) полетно дотрчува во потрага по жртва на којашто ќе ѝ ја раскаже најновата епизода на својата омилена мамутска серија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
ЈАКОВ: Прочитав во списание репортажа за вашата семејна идила со колор фотографии.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Војници беше популарна телевизиска серија, која што требаше да ве убеди дека сите малтретирања кои што ви се случувале во бившата ЈНА, практично биле идила.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Смешната желба „да се биде правилно сфатен и одобрен“ почесто се изразува во младоста, кога животните пријатели се чинат далеку или не ги ни бараме поради привремената семејна идила којашто ги диктира приватните настани од гледиште на својата ефикасност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Каде да ја најдам рамнотежата на двете неспоиви идили?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Првичниот впечаток на тоалетна идила го наруши кркорењето на еден гардист кој што си ги истураше цревата во клозетската шолја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе