зулумџија ж.

зулумџија (ж.)

Ноќите беа само за зулумџиите и лошите луѓе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има биртии со убава мастика, се сеќаваш оти само тоа пиев, имам и другари песнопојци, шегаџии, зулумџии.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Зулумџиите доаѓаат!!! - се тркалаше стравот во и околу очите им, создавајки предсмртен блесок, како последен вик на куршумот, кој одсвирувајки ја својата последна панична нота затајува во човечкото месо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сто педесет селани бараат заштита од зулумџиите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Замавна еден од зулумџиите со сабјата, ја пресекоа главата, во истиот миг. Потече крвта македонска, по дворот...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)