зовира (несв.)
Сега стоеше крај печката и гледаше како чајот зовира во чајникот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа еден бакарен јамак, во кој предмалку стави еден грст грав и го дополни со вода, под водата гравот се белееше многу побело од снегот и зрната жевареа испрекршувајќи се во одблесокот, а сега сиот грав имаше жебурави лушпи додека зовираше, и јамакот црвено проблеснуваше со својата загреана бакарна површина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Училницата одеднаш зовира. - Да пееме! Да цртаме! Приказни, приказни, учителка! Да броиме!
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ивана си остана на своето : „Можело да настрадаат од суша, од летните горештини водата е топла, жешка зовира!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)