змија ж.
змијарник м.

змија (ж.)

И шумоли поточе, брзо ко змија, течејќи, кристални води леејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се носеше коњот по желба на силниот вјавач, виткав ко змија на оган; пробиваше пат, спасувајќи на херојот глава - зашто го сакаше многу.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
АНЃЕЛЕ: Ах, мори внука, таму ги има што ги има пусти компири, може осумдесет сорти! Некои се како змии.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога љубопитните ќе го запрашаа зошто тоа го прави одговараше шушкаво: да се опијани змијата за да не избега.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На суверните жени им продаваше лилјаци и се фалеше дека аптекарите му ги купуваат змиите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И уште двајца: Циганчето Паљо, молчеливо сираче со расечена зајачка усна, и Васко, надарен без страв да фаќа живи гуштери, жаби и змии.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но затоа пак него го фатија Шаќировци и Ѓуровци во Рапешко и место да го стрелаат или колат, му ја столчија главата со камен — како на змија осојница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама оти ги даде сите голи како змија на трн, многу му беше гајле!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Човек катил, како од змија роден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се потурчила и си рекла: - Згрешив ама, господи, змија му родила да му родам!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И родила змија. Зашто тој час кога го донесла на свет Лумана – умрела.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Заради што, за кого отров, кога не сум змија на камен да го оставам минатото како стара кошула? Не сум змија. Ни друго.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Безброј огнени змии шумно ползеа околу мене разбудувајќи во мене желба да се борам и да живеам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И ја менат својата облека како змијата што го чини тоа. Ноќе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше сигурен:ја минаа шумичката и од еден скоро непреоден дол, заштитен со боцкави змии на густо збиени капини, излегоа пред студен рид, нем и пуст како тајна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што ќе правите? Со гола рака се фаќа ли змија? Или со глава се турка ли ѕид?...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе најде камен змијана под него да се веде.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
II Не бој ми се, море! Врз твојата синина остана птица да кружи Змија се веде на твојот брег И даб, Кора од ветришта црна, храбри Ќе има век, Над сите векови ќе има век!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Повеќе