златоуст (прид.)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Теофилакт Златоустиот: „Благословен е предлогот од Бога“. Августин Блажениот: „Ваистина благословен е“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Ни ми личи на зборот за ние, Филозофу златоуст“, рече логотетот и веќе го обземаше радоста на оние кои сознаваат, која не може ниту да се мери со радоста на владетелите кои поробуваат и грабаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Паднав на коленици пред него и реков: „Оче блажени, Филозофе златоуст; колената ми се слаби не од пост, туку од грев, чија причина беа властољубието и гордоста на отец Стефан Писмородецот; во друштво на единаесет, со мене дванаесет арамии ноќни, на разбојници друмски скриени под светата риза се најдов, не по своја волја и јас, оти душата слаба ми била за подвизи небесни, а силна за падови; само затоа што полесно е удолу да одиш а потешко да се искачуваш кон височините Негови, јас паднав; паднав во бездна...“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)