зијан (м.)
Арно ама што рекол некој: „Не треба човек да се радува многу, ни да жали многу, оти зијан ќе го најде“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- „Што се срдиш, мори ќерко, толку, ѝ рекла свекрва ѝ, чунки тогај си дошла од работа, што зијан ти се стори?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сватовите се советуваат со недели напред, и обично одат на пазар без пазар, кога градот е помирен, кога можат послободно да се пазарат со Пушмарковци за шамии, со Алекса баба за бакаллак, со Јашмакот за чевли и со други прилепски трговци, коишто, кога ќе разберат оти е за свадба, не ги пуштаат муштериите па дури и „под зијан" да дадат, само да е за „аирлиа" радоста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да оплескаме барем тројца аги, да не бидеме на зијан — му одговори Шаќир и почна да стрела. Се заврза сражение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
5. АКО ПИЕ, ЗА СВОИ ПАРИ Е ПИЈАН - ако ги извади, ги вади очите свои, и никому ништо не му прави зијан, само што не шие како што ќе скрои...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
„Не е бадијала“, им рече тој, „кај што ископавте - сега ставете овошка, и ќе видите дека не ќе бидете на зијан...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Само од препрашување зијан нема.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Би можела да заминам, како мудар штурец кој го напушта својот оклоп и тргнува во зијан.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не е зијан отсега да бидеш ибн Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
-Ако постојано го тинтарам, ќе ме отера во зијан. -После ќе го откачиш.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)