зимава (прил.)
Неговото одолжување, небарање пари, неспремање за на пат, му падна в очи на манастирскиот настојател по чифличките работи од Зографскиот манастир и еден ден го запраша Сталета: — Белким сакаш, бре момче, да останеш овде на работа зимава?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оти нивата зимава премногу јачеше и сепак нов ја заора плут а Минца иако искрено плачеше можеби пошла за друг.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
— Јас ќе се борам со Шаќира, да видиме како го ранел царот зимава — се провикна Трајко Брниклијата, а Шаќир не дочека да му се рече двапати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ние зимава треба да ископаме овде во еден ќош една дупка толку длабока.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само да ја отспиеме зимава предвидлива – ние капетанот и ти, и уште едно ти. 09.2000.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)