згади св.

згади (св.)

Цанул се згади, му се накренаа цревата, се стегна да не поврати,а кога дојдоа дома, ја натера Цанулица да ја измие устата со зач за да може да ја баци.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На жителот на Океанија не му е дозволено да знае ништо од основните поставки на другите две филозофии, но затоа го учат да се згадува над нив како над варварска навреда на моралот и здравиот разум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој миг сакав да го убијам тој невиден простак; во тој миг ми се згади и од Луција; веќе ништо не сакав, во мене имаше само гнев; тогаш, пред вратата, првпат помислив дека најдобро е да се замонашам, да си ги отсечам на еден симболички начин гениталиите поради кои страдав, да се самокастрирам, да ги оставам сите овие влекачи и инсекти околу мене да се плодат и да се размножуваат до бескрај; своите песни да му ги испејам на Бога, а не на лукава и притворна жена, или на некој дволичен Хор; сепак, чукнав уште еднаш, но тој поворно не одговараше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татко ми тврдеше: „Полн шиник сак'с има поминато низ нејзината уста, се прашувам како не ѝ се згади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си реков човеков има потешкотии со сите тие листови што постојано си ги пика во носот за да ги прочита, а потоа, како да се згадил од прочитаното ги фрла тие листови од пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не му беше пријатно тоа двојство во самиот себеси и готов беше да се згади од својата дволичност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А тие, кои се сторија главни пак си останаа главни и тропаа секаде: ние Егејците. та ние Егејците, така што од тоа дури им се згади на Вардарците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)