зборлив (прид.)
Станаа доста зборливи за сметка на повлеченоста од која можеа да насетуваат како кучиња.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
13. КОЈ ШТО НЕ ЗНАЕ ДА МОЛЧИ, НЕ ЗНАЕ И ДА ЗБОРИ - затоа и зборливите молчат сѐ додека спијат, сѐ што слушнале преку ноќ, молчејќи до зори, преку ден го кажуваат, зошто и да го кријат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сега, нашите мали зборливи песни можат да појдат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Словенските андарти се борат со поголема храброст отколку нивните грчки другари и словенските селани се помалку зборливи и повеќе искрени отколку Грците. Но јас се трудам да го прикријам ова мое лично чувство“.35
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Се најде во голема дилема.. не, Нина е многу зборлива, може не сакајќи да ја открие пред другите неговата реакција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Домаќинката остана еднакво рамнодушна и седна на другата фотеља чиниш готова да биде сослушана. Жената очигледно не беше зборлива.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Симон во тие моменти не беше многу зборлив.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Дотогаш онака, повеќе молчалив, отколку зборлив, сега избувнал и ништо не можело да го замолчи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)