зајачки прид.

зајачки (прид.)

Паљо ги откри зајачките заби под белата усна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И уште двајца: Циганчето Паљо, молчеливо сираче со расечена зајачка усна, и Васко, надарен без страв да фаќа живи гуштери, жаби и змии.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Секој ден слушаш: море, јаки колкови, а цицките, ко зајачки уши кренати, сами ти идат враце .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овдека, пак, на почетокот на источниот лак, кој се издига над Алилово, кој е свртен навнатре и кој се вика Зајачки Рид, гледано однадвор, пак од север, од североисток или од северозапад, над пазена дабова шума од неколку декари, се издига едно од памтивек исушено дрво.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И одеднаш, додека Земанек јуреше, под едно дрво на Зајачки Рид, го здогледав паркиран џипот на Фискултурецот; поминавме крај него толку брзо, што ми се стори дека само во еден блесок на фарот ја видов главата на Луција зад прозорецот; му реков на Земанек да застане; тој се двоумеше, прашуваше зошто, и јас му реков: „Луција е внатре со Фискултурецот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„И тогаш, на Зајачки Рид ли разговаравте?“, прашав. Таа гледаше збунето во мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тренинзите и трките се одвиваа на еден рид близу градот, што сите го викавме Зајачки Рид, не затоа што таму имаше зајаци, туку затоа што ноќе таму се состануваа љубовни парови и водеа љубов по автомобили, на брзина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)