зачуе св.

зачуе (св.)

Во близината зашушка трева. Се зачуја стапки. Сите погледнаа натаму.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од меаната се зачу народната песна: “Дафино вино црвено, момчето ти е заспано момчето ти е заспано на Каракамен планина! Тука помина четата, гунчето му го зедоа... “ Во меаната одекнуваше веселата песна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По патот најпрво се зачу брмчење, кое сѐ повеќе нараснуваше, а потоа на кривината се покажа камион со неколкумина Германци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вратата од дворот се отвори со шкрипеж, а потоа се зачуја коњски копита што тропаа по калдрмата; се покажа коњ на чиј што самар беше изизврзан човек префрлен како вреќа, а по коњот одеа две жени и калуѓерот што им ја отвори врата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XI Полковниците обиколувајќи ги терените меѓу манастирот и селото, зачуја свирки и тапани во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зачув глас како повикува од небото, а кога погледав нагоре беше таму: змеј на небото со човек во челуста, змеј од хартија и бамбус, обоен со бојата на сонцето и бојата на тревата.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тогаш ги затворија вратите и повторно се зачу гигантскиот звук на дождот што лееше, во тони и лавини, насекаде и засекогаш.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се зачу орелот, заграка гавранот, и најпосле, слетувајќи на нивните раце со ѕунење, како шум од невреме на некое сеуште неродено лето, притоа правејќи го последното свртување и воздишка, се огласи соколот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зарем овдешните „национални чести”, денес идентификувани со монструозните злостори против поединецот, народот и човештвото, не се искомпромитирани до мера кога веќе мора да се зачуе едно човечко морално НЕ за ѕверствата на коишто секојдневно сведочиме.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)