зачади (св.)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И зачадува, како железо кога гасне Мисајле Ковачот пред наковална.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се враќаме пак во собата, зачадена од цигари и од миризби на овошје.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го издушува низ уста, низ нос, а може и низ уши. Оти сѐ се зачадува околу главата негова. Пусти Дуко Вендија!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Додека го пиеше, тргаше на лулата и сета просторија се зачадуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Како кога месечината ќе застане помеѓу земјата и сонцето па ќе ја зачади планетата и ќе ја затемни ѕвездата, тој е несреќна врска помеѓу семејството и своето и нивното утре: без него тие ќе се глад, беда.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој пак воздивна. Човекот и ги ископал очите на природата: ја сече шумата, ги труе реките, го зачадува црно воздухот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Чади, што се вели, ти се зачадила душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од друга страна, продолжував да размислувам, објавувајќи ја својата неприкосновена волја. тој наш Создател, зарем требаше врз едни народи да ја истури сета своја љубезност а другите да ги одмине, или пак, во оние, најлошине случаи, дури и да ги зачади со темјанот на проклетството, му реков на Никола Леко.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)