засени (св.)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Нешто многу крупно го засени изворот и срцата на децата им смрзнаа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Брилијантите од прстените блеснаа и ѝ го засенија погледот на Мискарица.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Засенет и трогнат од пречекот и салтанатот, стариот Карче долго не можеше да се прибере.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
В миг праската блесна во златен сјај, засенувајќи ја и самата месечина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Вртеа луѓето како улави околу езерото, се загледуваа во водата, влегуваа во езерото кога ќе им засенеше нешто, претаа со стапови низ шеварот и трските, фрлаа камења во плитките места, но сѐ беше попусто.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сјајот на скапоценостите во нив засенува на секој чекор и човек би помислил дека падишасите се натпреварувале еден со друг своите престоли да ги искитат со повеќе злато, дијаманти, смарагди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Чинам излези на чардак и гледај, гледај надвор, под куќата, ама ништо да ми засенее, да ми се преметне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сето ова е обединето во козарска алегорија, чијашто библиска едноставност не ги засенува скриените значења.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Доминантно самопонижувачко раскажување би можело да ги засени другите настани кои во себе носат поголема можност за разрешување на проблемот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И заледена ќе те засенува.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Иако драмата „Вештерка со избушен јазик“ страда од одредени слабости (малку се повторува, малку драматуршки шлајфува, малку премногу има содомија во недостиг на подлабока фантазија), таа сепак и пред сѐ е една автентична поп-драма, доволно снажна и експресивна за да засени 95% од јаловата македонска книжевна продукција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се извртив да застанам така што да го засенам сонцето за да ми светне водата долу и уште еднаш се наведнав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тешки облаци и магли му го засенуваа погледот и го враќаа назад кон платното.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Скулпторот, пак, го беше засенил блескотот од скулптурата во која, се чини, тој го пресели својот здив и своето постоење. Таа му ја имаше земено и сенката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Веројатно бил засенет од разговорот што го водел со смртта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не сум јас толку засенет колку што ме сметаат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ехото што доаѓаше од природата со својата силина, веќе го засени слухот на Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Најуспешни театарџии се (се мисли на сите неимари на театарскиот живот) оние кои своите духовни творби смело и гордо ги бојат во партиски бои и внимават со ништо да не ја засенат својата партиска опортуност.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)