заробеништво (ср.)
До некое време ги броеше деновите, потоа им го изгуби редот, а болеста веќе сосем му ја замати претставата за времето поминато во заробеништво на снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А во заробеништво може и повеќе да даваат за јадење, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Кај ќе ме водиш, ми вели Мирче. - Во заробеништво, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тврдите ѕидови на нејзиното заробеништво беа омекнати од раскошот на грижливо одбраните дребулии чијашто убавина тлее и догорува во бавната тишина на здодевноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)