зарипнат прид.
зарипне св.

зарипнат (прид.)

Ти си богоулник, го чу далечниот, зарипнат глас.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги симна полека штиците, ги нареди на скелето и така испотен и задишан, без да здивне му се сврте на работникот и му рече со зарипнат глас: - А ти зошто навредуваш?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Павле го дофаќа зарипнатиот извик. Што ли му текнало сега на Арсо? Овде не му е времето сега за разговори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зарипнато шушливиот глас се слушна од соседната ќелија. Таму некој громко замрморе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Страсната тага по оставената младост во карпите, ридиштата, доловите, осојнините, припеците, шумите и снеговите на Македонија, се прекршува во зарипнатите и гладни грла на падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Уште едно кафе, стари? – го сепнува зарипнатиот бас на келнерот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Напати, кога беше преморен, од ноќта мината во читање, слушаше од длабината на стерната зарипнато, прекинато гргорење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Блед и со црвен нос како снешко белчо кој се разладува со лист извалкана, неиспишана хартија, зарипнато викна: „Еве, овде имам некои ескимски мапи!“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ноќта се растегна како Земјата да престанала да се врти. Господата академици ја преболеа гладта и се осетија како призраци, зарипнати и со недостапни мисли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со зарипнат глас, во последниот момент ѝ рече: - Јави се.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Одеднаш тој доби поткрепа. Се јави отстрана дебелиот: - Пуф, за срам - срже тој со зарипнат бас. - И ова ми биле бугарски војници!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Бегајте! Бегајте! Бегајте! – грмеа зарипнатите викања на коњаниците кои безглаво и обезумени продолжуваа да го сејат стравот. И се растури и се посеа општ страв.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
- зарипнато тажење од душата на Трајаница - црна душа на Беласица зацрнета.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Застанете! Зачекајте! - зарипнато вика дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И наеднаш еден друг глас небаре ко гром се растури над ливадата: - Станвајте!!! - падна зарипната команда, се испокрши од стеблата и се изгуби во шумата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја отвораше како да оддиплуваше кора за мазник и почнуваше со тој свој зарипнат глас, а јас трепетливо и некако исплашено, гледајќи во неговите насолзавени очи и во бузите и од тутунот подгорените мустаќи, повторував: - Аз, буки, веди, глаголи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Застана пред бункерот и го слушна зарипнатиот глас на својот соселанец - Павле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)