зарече св.

зарече (св.)

27. ЖЕНАТА ГОДИНИТЕ, МАЖОТ ПАРИТЕ ГИ КРИЕ - а обајцата не признаваат кривица своја, та можеби во бракот се зарекле тие и на ѓозбојаџиите да им продаваат боја...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Она што ми го рекоа елените – дека некогаш сум се зарекол.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Штета! – Воздивна Дедо Мраз – А да не сум се зарекол, веднаш ќе ја запросев куклана со образи од црвени јаболчиња што ми ги нашандисаа очиве...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не, не јас, наречниците ме зарекле.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оттогаш си стави копче на пис устата, како по операција на слепо црево, и се зарече да си го изостри јазикот по однос на разликата меѓу блажината на дотокот и блаженството на првотокот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Каква сила имаше во онега, што му се преправи светец, да го прими дома, иако се беше зарекол никого да не припушта?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дали можеби се зарекло да гори свечено и торжествено како жртвен овен: наоколу народот, среде кладата?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
НОВЕ: Многу прашуваш. Се зарекла свиња да не јаде гомна. Гневен си.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И, една средба од час и долги 6 месеци и, кога ги раздени, тој немаше со што да се пофали кај другарите уз ж’та зашто се зарече дека нема да се приближи до шишето никогаш повеќе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)