заприлега св.

заприлега (св.)

Низ засолзениот поглед нивните очи ми заприлегаа на две положени осмици покриени со седефест сјај.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го гледав како стои пред мене со расчекорени нозе и ми заприлега наеднаш на џинче, качено на дрво, та сега со пакосна наслада гледа одвисоко на сѐ што е големо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му заприлегаа на браќа и тој се расчувствува, не знаејќи ни сам од што, од нивната сонлива молчаливост или од студениот изгрев, чие раѓање дури и птиците заборавија да го поздрават.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влагата ќе стори крвта да заприлега на сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И совладувајќи го липањето шепоти, божем е над детска лулка, како Борис ѝ заприлегал на нејзиниот Кара-Димитрија, кој од турските чалми врвки за опинци правел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето заслушнати, заприлегаа на згуснати сенки. Нивните лица беа свртени кон очите на момчето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зашто, можеби Зоки Поки ќе ви заприлега на некого од вас, па дури можеби... и на вас самите?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа почна играта. Ја стави црешата до уста, ја свитка нејзината долга рачка, и – о, чудо! – таа му заприлега на мала стомна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Селото заприлега на зовриен казан: од сите страни одекнаа истрели.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Еден дел од неговото лице ми заприлега на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повисокиот тревар му рекол дека ќе му се покори, бездруго ќе му се покори на ножот; лицето уште повеќе му заприлегало на мудар лисец што се готви да се исклешти за своја сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Советот на пријателот гласи: бегај од луѓе додека не си заприлегал на нив и додека не те окупирале.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На стариот му заприлега тој како да е добар светец што слегол од иконостасот на некоја напуштена црква и назорум дошол и во неговиот двор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)