запрепасти (св.)
Во тој миг, во тоа лудечко запрепастување на малиот крадец, Стојан Ванков се мачеше однадвор да ја отклучи вратата на својот стан.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги запрепасти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Зарем ти мислиш дека жените се навистина робови? - се запрепастив. - Под чие ропство сте?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Лобо: Хаха! А знаеш ли од што најмногу би се запрепастиле?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Главниот лекар се запрепасти, професорот стана сериозен: „Тоа Ви е предупредување”, рече, „но и нам другите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се понадевав дека можеби ако се опуштам и прво се истуширам ќе ми стане полесно, па се соблеков и кога во огромните блескави огледала си го видов стомакот испрчен врз заднината на болскавите плочки, се запрепастив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Беше очигледно дека се запрепасти од тоа што го слушна од Ема: „Со нејзина помош вие се обидовте да допрете до мојата приватност.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)