запоседне (св.)
Наредија ранетите да се приберат и аскерот да ја запоседне тврдината.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Влегуваат во кафеаната на Јандро, ги запоседнуваат сите маси и столови, се точи, се пие, нарачува Лоте за секого, клокоти и одѕвива кафеаната од песни, од свирки, напнува од викот просторот внатре и, се чини, секој миг ќе пукне како меур; им наздравува Лоте на сите, му наздравуваат тие нему; станува, и мавта со рацете на музиката, и дава знак кај треба посилно, а кај треба потивко да свири, го следат свирачите под такт, го следат луѓето: му се пулат в очи, в уста и ги сливаат гласовите како речни брзаци во една заеничка утока, во една единствена мелодија што се шири полека, плавно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Циркусот ја запоседна широчината крај езерото, и тие денови во селото не се знаеше кој човек е оттука, а кој циркузант: се облекуваа и децата и возрасните во партали, се шараа во лицата со бои, редеа маски и трчаа по сокаците како василичари, скокаа, врескаа, правеа сѐ што ќе им паднеше на ум.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Излегуваме на Преслопна, запоседнуваме под буките. И така, на седење, нѐ затекнува ноќта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така, некогашната населба од само неколку многучеладни домаќинства, - Митреските, Перуноските, Ендоските, Бозоските и Ѕвездакоските - излезе од Дупка и непречена од никого, а не смеејќи да запоседнува обработлива земја, се искачи на најниските, неплодните, падини на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Најпосле, пред да почнат големите буни и востанието, Крушовското, во 1903-та, Турците се досетија да го запоседнат Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потковицата и тогаш беше запоседната од фашистички војници и полицајци, божем пак беа дојдени за да прават маневри а всушност ги правеа поранешните работи - ги гонеа партизаните и ги одземаа вилната и млекото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Доверливо му пришепнале на попот дека бригадата ќе почне да го чисти со огнена метла градот, од сивите германски касарни на Кале кон плоштадот под камениот вардарски мост, којзнае од кој ден запоседнуван од лажно сакати просјаци и секакви измамници и безработници со очи на кондори.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најнапред човеков ја запоседна летната одаја, онаа издвоената во дворот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во тој момент налетаа двајца цигани со мотор на три тркала и го запоседнаа преполниот контејнер.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Секогаш кога буџетот на државата беше тенок сообраќајците ја запоседнуваа секоја скриена грмушка и со жуто стапче ненадејно ги начекуваа лошите возачи да го наполнат државниот буџет.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На своите едниници Главниот штаб им наредил да ги запоседнат италијанските гарнизони и да го преземат оружјето пред да го сторат тоа Германците, кои ги реокупирале италијанските територии во Западна Македонија и во делот на Македонија во рамките на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Феминистките, се разбира, го сфаќаат тоа, но многу од нив се склони да бидат неуверени во него, неубедени во мудроста на кампската стратегија да се прифаќаат, запоседнуваат, призиваат и прекодираат омразените претстави.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)