замати св.

замати (св.)

Кој ни замати извори бистри извори на души чисти?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сонцето го покри облак. Бистрото утро се замати.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стреите заплакаа, снегот смекна, се разводенеа. Надојдоа и се заматија потоците и реките.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ништо: како неумитни судии, како прекор, како каење - нежната добрина и благост во нејзините очи, појасни и помили од секој друг пат - се испречија пред него, му ја заматија свеста, му го зголемија неспокојството.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му беше добро и мислеше дека никогаш не ќе успее да се замати, а речиси имаше заборавено со кого си има работа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До некое време ги броеше деновите, потоа им го изгуби редот, а болеста веќе сосем му ја замати претставата за времето поминато во заробеништво на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овие дни во Кралупи врнеше многу дожд и Влтава се замати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моја е оваа работа, вели Лазор, јас ја заматив, јас ќе ја избистрам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во ,Пиринско дело" читам: ,Лазар Колишевски8, агент на Охраната на царска Б'лгарија" и мене ми се замати умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трга од цигарата и го заматува стаклото со чадот, со дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кој пат ќе поминам по тие места, туку ќе ми се втурне нешто наеднаш оттаму, ќе ме потплаши, што се вели, ќе ми ја замати душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утоп сум! Ми го заматува видот, занемен сум...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Па сепак, ова сомнение се јавуваше и ги заматуваше ваквите мои размисли уште пред да ги сместам на почек во одделот на можните страхувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Капкиве сѐ ми заматија. Се замагли прозорецот, исто така.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се грози тој од пијанството, го сака само она леко заматување на погледот, кога душата почнува поживо да се чувствува сама себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оној кој го избра мракот за да слезе по сокакот (а сокакот потсетуваше на извиткана јагула што ќе ја замати бистрата вода штом ќе го зграби пленот на езерското дно); Оној кој ја избра темнината на мрачниот сокак а не гази по калдрмата додека слегува и потсетува на молитва, на порака, или на нејасен збор од тајна болка; Оној кој го избра мракот и слезе по сокакот на посветеноста гласот ни го подари за да ни биде и поттик, и надеж.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе