залепи св.

залепи (св.)

По некое време, одгоре иде една модна, ама фустанот ѝ се залепил со кожата. Со неа еден, како го викаат, де, а кавалер.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се собра свет, џандари. Леле! На Славчета не му се оди в кварт, со земјата се залепи! Такси зедоа, насила да го одведат... (Смеење).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Аман, бре стрико Марко! Их, ама сте ја стегнале, сте се залепиле до земја!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се обидов да станам и да се изгубам од куќата но болката во зглобот ме залепи за тревата. Одново паднав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги залепивме носињата на стаклото и се загледавме во шарените книжни пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крсте го испушти надесно моливот, се наведе небаре да си го земе, ја подаде левата рака под клупата, го залепи левиот образ на самата штица и очите сами се вперија право во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Крсте излезе низ малата вратничка, а Нешка се наведе да се појави да види дали некој не ќе го види оти од нив излегува, овој ја исползува нејзината положба, ги бакна своите четири прсти на десната рака и ѝ ги залепи на левиот образ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митре почна да го гали по главата, ги залепи своите испукани усни на негавиот образ, гушејќи се и тој во солзи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ако не го најде, бубачката ќе се залепи за нечија стапалка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Дедо ти го прати `ржеников. Ранетиот се наведна и ги залепи своите испукани усни на детскиот образ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се залепи до ѕид и го извади револверот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И го виде матното небо залепено на прозорското стакло. ...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Скоро ги залепи за нејзината облина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се доближија во темнината до калето и ги залепија главите на ѕидот да наслушуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го залепи лицето на камен и се оклопи во својот отпор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се испотив леба ми, та алиштата ми се залепија за телото.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Глигор љубопитно ги залепи своите очи врз рапавината на неговото лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа тежина му ги запираше чекорите, како да му се залепуваа подметките на мокрите излижани камења од калдрмата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе