закове св.

закове (св.)

Евреите го заковале Христа. Религиските факти можеа и да ме убедат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Рисјанин си. Тие го заковале Риста на крст, се потсмевна Паљо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пецо болен. Го заковала болка за постела, однатре, откај срцето, го гризе. Не може да стане, да крене секира.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој молчи, цврсто закован за своето место.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да беше закован за земјата, зад нас стоеше висок младич, со немарно префрлено палто преку едното рамо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Овие почнаа со работа. Прво им наметнаа по една алка околу гушите и ги заковаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Виде едно безредие на бои и предмети и се зачуди: зошто му се стори далечно, во правечност, едно мислење, кога тоа било сега, пред еден миг, пред да влезе, дека на секој акт закован е со печат по еден човек, нумерирано е по едно стебло, фатена е во челична закачка по една овца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Две мали црни точки кои едвај се одделуваа од сината боја на небото, се покажаа на северната страна. Борко го закова погледот за нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би сакал да станам и некаде да одјурам, да се растрчам низ селово и сѐ ова што ме мачи да го истресам некаде. Но постелата ме држи како закован.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како се оддалечувавме – слушавме времето што идеше како ја тресе вселената пеејќи: Од каде доаѓа гласот ваш и кој ве закова за земјата Вие без писмо што ги запишавте сите книги човекови?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
САЗДО: (Просто паѓа во фотељата и додека погледот му е закован врз цвеќето во вазната, на неговото лице расцутува насмевка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Се свртија кон моќниот стрм врв кон северозапад и ги заковаа погледите за неговото моќно, сиво тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ако ти, дедо Димо, не си се мрднал од оваа планина, велиш ли дека и јас треба да останам закован за неа?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вечерта двете момчиња се спуштија до стубелот и го покрија со штици. Убаво ги заковаа. Оставија само мал отвор, колку да може со чанче да се црпе вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И натаму очите ни беа заковани на крајот од улицата, од каде што ги чекавме татко и мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беа без тапети, без декорација, без таписерии и молерај, а само изненадени со приклештени делови од искршени столови, од маси, од делови од кревети, просто расфрлани и заковани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе