закани (св.)
Заинатено ги стигна децата и им се закани: - Само нека мине ова, па ќе видите дали ќе играм со вас!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Николче му се закани: - Ќе видиш ти кој е кокошкар! – и навреден почна да се разоружува.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— Само добро држите да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! — им се закани јузбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе вечерта го најде гајдарџијата Колета, му лупна неколку тупаници по нос и по рилка и му се закани дека ќе го заколе, како пиле ако и до недела го направи истото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Можеби сакал да ги смири, да ги испцуе или да им се закани дека ќе се пресмета со нив доколку не се смират.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И му се закани на Богдана: ако и нив ги отруе, заедно со нив ќе лежи в гроб.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Те прашувам – ќе се качиш ли на дрвово? - Не, - одмавна со рака дебелиот. – Ти го слушна кивањето, ти качи се. - Ќе се качам, - се закани долгманот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тој направи една лоша гримаса на лицето и ми се закани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Казните не се само парични туку и затворски, му се закани Шајчевска на Метакот, кој изјави дека изгледа ко шведска порно глумица од шеесетите на нејзиниот предизборен билборд.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Исто така, во овој период, Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на САД испратиле заеднички демарш до Белград и остро се заканиле дека доколку Кралството Југославија пристапи кон пактот, по победата, Југославија ќе биде раздробена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И запамти! - таа пак го фати за брада, го растресе, стрвнички му се загледа во малите гурелави свински очи, му се закани со прстот од слободната рака, мавтајќи му пред нос: - Да запамтиш еднаш за секогаш!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А во командата на баталјонот дознаа и по телефон се раскараа со пцости и ми се заканија со воен суд, демек ќе ме стрелаат, ако јас неа не ја стрелам. Како да стрелам осумнаесетгодишно девојче?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)