заискри св.

заискри (св.)

Дедо Бошко вчудоневиден ја поткрена главата и заискри со очите, но така да не забележи арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Срам да ти е, - заискри со очите дедо Ангеле. – Сѐ ли заборави, бре скалунка никаков!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја ведна главата, се поуми, а кога ја крена, очите му заискрија од пакост и рече: - Да те прашам: сите ли ти платија?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На анџијата му светнаа очите, се разбуди: во раката на Пандета заискрија бели меџидии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знаеше тој дека од прозорецот над него можат да се заискрат оние опасни трескотници, кои не му беа непознати и пред кои тој којзнае колкупати во својот волчешки век недосежен се засолнувал во шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука мразот беше заискрено бел, исто како сребрената смеа на пената, а таму беше сосема зелен, како замечтаените самовилски вирови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Птиците, по дневните жештини, ги напуштаат седелките и сенките, првнуваат од житјата, од тревите, од короните на дрвјата, и гласејќи се една на друга, почнуваат да го надлетуваат просторот над Потковицата, вршките на дрвјата, покривите на куќите; жабите се огласуваат од ендеците, вировите и блатата, некоја осамена ѕвезда заискрува на небото, и гората зашумува и ветар повејува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Студентот ја започна наркозата, се прибра, свежо заискри етерот во бели капки, замрзнувајќи ја белата маска во пердувест снег.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)