зазбивтан прид.

зазбивтан (прид.)

Знаеше со часови да се занесе во едни чудни размислувања за луѓето, понекогаш дури ги изговараше зборовите, што би имал да им ги рече ним, остануваше едно неразбирливо мрморење во неговата зазбивтаност, и тоа воопшто не ѝ пречеше на осојничавата тишина на шумата да си остане пак ненарушена и понорничава. Ниеднаш не престана да мрмори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Васе влезе зазбивтано и рече: - Малку задоцнив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Занесен во редењето на разнобојните камчиња, од кои, јасно беше, нема да излезе ништо зашто многу недостасуваа, доктор Коста и не го забележа Денко кој зазбивтан стоеше крај него. - Тато!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко, иако испотен и зазбивтан од искачувањето по ридот, чекореше како замаен, опчинет од сета таа недогледна убавина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еден зазбивтан град, низ чии улици и булевари се движат милиони луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На „Галата Ќупри“ најмногу се чувствува шумот на зазбивтаниот живот на овој град, шумот создаден од безбројните автомобили кои се точат како бескрајна река, шумот од заглушувачките сирени на товарните и патничките бродови, чии пристаништа се сместени под самиот мост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И неусетно овој амбиент те пренесува далеку од зазбивтаниот Париз, од автомобилската бучавост, која и овде, од далечина, допира одвај чујно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Четворицата трчавме накај куќата на Љупчо. Зазбивтани втасавме пред дворната врата. Се стаписавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зазбивтани стоевме кај северната страна од Гинеколошката клиника.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо дотрча сиот зазбивтан.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нѐ туркаат и нѐ носат со себе, како да сме зрнца песок, случајно затечени на патот на зазбивтаната вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Акакиј Акакиевич, штом дотрча до него, со зазбивтан глас почна да вика како ете тој спие и не му е грижа за ништо, не гледа како ограбуваат човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)