задруга (ж.)
Онака како што бев клекнат пред старите што беа наседнати на гредата пред задругата, ја прибрав торбата со книгите и сиот станав уво.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Братот му рече дека тој, Змејко, и покрај сѐ друго, треба да се запише во задругата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги барал и секогаш останувал сам, задругата му одзеде само една година од тоа, но тој уште ниеднаш не ги имаше побарано нив како сега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Самиов се јавив. И имам зошто. Нема потреба од некакво политичко убедување. Задругата плаќа, а јас останувам.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа, кога дознав, тоа беше набрзо по последната Голема војна, во времето на колективизацијата што ја наредија властите од сета Македонија, дека тамошната задруга, Лазарополската, му ги одзела овците на Рафаила и забранила тие да доаѓаат на зимување во Петочна Вода, многу го ожалија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе прават задруги, вели, а за да направат нешто треба и да земат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И само со тоа сакаат да се смешаат, да влезат во задругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Би можеле да ги затвориме во неколку недоградени фабрички хали, или во трлата на блиските задруги...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тешко се одделуваа од живината, па и од крупниот добиток, кој обично мораше да остане во задругите, за на крајот да останат со козите, од кои немаше закон или сила што можеше да ги оддели.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ние организираме задруги, тие ги бојкотираат, ние создаваме кооперации, тие ги бараат дуќаните.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
До последниот ден не знаев дали ќе ми даде согласност и пари, како да се гледав веќе како работник во задругата Граничар и се разбира тој последен ден го преседов на таванот квасејќи си го лицето со солзи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Од рибарската задруга првин пребаруваа по брегот, но вашиот чун, никогаш не го пронајдоа...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јас работев афион, копав пченка, лозје, потоа жнеев, сме биле како голема задруга. Одевме по седум души на жнеење.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сега станавме една мала работна задруга. Луѓето ги сместив во старите простории во долниот дел од куќата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пошто од селаните билките, печурките и боровинките ги откупуваа селските задруги, на Сврделот не му беше тешко работите да ги нареди така што стоката тие да не ја дават на некој друг додека прво не се допрашаат од него дали тој сака да ја земе или не.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога се основаа првите селски работни задруги, колективите, кога државата само сакаше да види со какви проблеми може да се соочи при престојната колективизација на селското стопанство.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дека нему му било лесно да постапува според наредбите а јас не сум сакал да го потпишам пусулчето со кое се назначува за Директор на државната дрводелска задруга Голема починка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Значи дирекцијата на дрводелската задруга се клава ад акта! Така се вика фирмата кога ќе пропадне?“, прашав. „Точно така. Ад акта“, одговори Боге од Бањи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)