задгробен (прид.)
Ги гледале како се борат за здив и им ја мереле омразата, не по движењето на нивните усни, повеќе по задгробниот мирис што се испарувал од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Постапката на „емајлирањето“ на Аполинер добива на значење ако се сетиме дека праисторискиот човек го боел телото на мртовецот во уверение дека со тоа ќе му обезбеди задгробен живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И се потсети на она што имаше чуено за кафезот на фараонот, кого кога го закопувале во гробницата, заедно со сите предмети што ги сакал кога бил жив, му го ставиле и кафезот со птици да му пее и во задгробниот живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Оставете!“, со достоинство ја прекина накрај самиот генерал Первоједов гнасната итаница на својот задгробен клиент.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тврдеа дека во христијанството трагичното е поништено: оние кои страдаат или се виновни и казнети со страдања, или пак, ако страдаат без вина, тогаш ќе бидат наградени во задгробниот живот и нивно ќе биде царството небеско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Престанувајќи да очекува што и да е од задгробниот живот и сосредоточувајќи ги сите ослободени сили на овоземниот живот, човекот веројатно ќе постигне животот на сите да им биде поднослив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)