заграби (св.)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако си ага и имаш пари, имаш власт- сила, можеш да заграбуваш ниви, лозја... та треба ли и сѐ што е убаво да биде твое—и девојките?! (Го фаќа за гуша и го оборува на подот, потоа го вади пиштолот).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Заграби, им тури на маските, ги поискара да не се туркаат и си тргна кон огништето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Истрчав долу. Заграбував од снегот, го згрутчував и загризував од него како да беше јаболко.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Волци!“ му прострела низ главата мисла, па скокна и уште сонлив го облече палтото, заграби од огништето гламња што синоќа ја беше запретал, и истрча надвор.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Спроводниците од началството настојуваа што побргу колоната да тргне; жените одеа по колоната, заграбуваа вода од езерото и стркаа по нив за живо-здраво враќање дома, зашто знаеја: по секоја војна, во селото црни шамии се носеа и се раѓаа посмртчиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Жените се наведнуваа, се наведна и Роден Мегленоски, се наведна и Дуко Вендија, се наведнаа уште два-тројца старци и сите заграбуваа земја меѓу прстите и фрлаа врз моштите од Велика Мегленоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој пак, ќе заграбат вошки од под пазуви и ќе ги фрлат надвор, на снегот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
После само заграбува камчиња, си потфрла пред себеси.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секогаш кога ќе ја погледнаше Руса, се стрчуваше кон неа, ја заграбуваше и плачеше и колнеше на цел глас.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некој топол и брз ветер, кој уште од изутрина задува по Градишки Пат оттаму, од кај гората, чинеше, потрчај, заграби пепел измешана со плева и таков, усукан и извишен, рашири ги грстовите и развеј ја пепелта и плеват на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Една жена ја заграбила устата со дланките и подзарипнува од викање: — О, Михајлооооо!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не можеш да ја дупнеш, да ја заграбиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Срната стоеше и го чекаше. Бате Јоле се врати со сено заграбено со двете раце и го стави на куп пред срната.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се ладеше и прислужникот Геро заграбувајќи вода со грстите и фрлајќи на лицето и главата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но, зарем не ме учеа и дека личноста е како езерската вода, која штом ќе се заграби, се разбива на многу капки, на мноштво води, од кои секоја самостојно истечува, заминува од допирот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ги фаќаше тој во грстови, ги заграбуваше, па пушташе среброто да му тече низ прсти како вода.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)